За да се запознаете со целосниот потенцијал со овие игри, да ги откриете најдобрите опции и да ги дознаете сите работи кои ќе ви помогнат за време на играњето, ве советуваме да останете на оваа страница и да продолжите со читање. Да започнеме!
Историјата на Слот Машините во Македонија
Првите физички слот машини во Македонија се појавуваат со отварањето на првите казина во Скопје, Гевгелија и Охрид. Иако нема прецизни информации, повеќето познавачи се согласуваат дека ова е во периодот на 1980-тите. Популарноста на слот машините зема поголем замав со отварањето на слот клубовите и либерализирањето на нивната употреба околу 2010-тата.
Од друга страна, онлајн слотови се користат од страна на македонските играчи уште од 1990-тите односно со отварањето на првите интернационални казино сајтови. Денес, овие игри имаат десетици фанови низ цела Македонија. Тие уживаат во овие игри како онлајн така и во физички казина или клубови.
VLT Online Машини во Македонија
VLT апарати се електронски уреди за игри на среќа кои се базирани на слот машините. Тие се користат во казина, обложувалници или специјализирани сали за игри во Македонија и низ светот. ВЛТ е всушност кратенка за Видео Лотариски Терминал. Покрај слотови, овие игри нудат и други игри како бинго, кено, лотариски игри итн. Тие се врзани во централизиран систем за управување и исплата на добивки.

Од друга страна, VLT online е израз кој се однесува на онлајн VLT машините кои претставуваат дигитална верзија на физичките VLT терминали. Во овој случај имаме онлајн платформи кои им овозможуваат на корисниците да учествуваат во игри како оние на физичките VLT машини преку интернет со помош на компјутер или мобилен уред.
Сите онлајн VLT MK опции кои ќе ги најдете на сајтовите кои ги препорачуваме користат генератор на случајни броеви (RNG) за да обезбедат фер исходи. Имајте предвид дека овие наслови не секогаш се означени со VLT иако функционираат на ист принцип.
Во секој случај, популарноста на овие апарати е огромна па затоа не е изненадување што се повеќе македонски интернер корисници пребаруваат поими како VLT games MK.
Како Работат Слот Машините?
Пред да почнете да играте на било која слот машина, треба да бидете сигурни дека знаете како истата функционира. За среќа, нивната работа е мошне едноставна и нема да ви треба повеќе од неколку минути за да се запознаете со нив. Најдобро е да ви преставиме неколку компоненти кои ги сочинуваат стандардните слот игри за да добиете подобра претстава.
-
RNG:
RNG е кратенка од Random Number Generator односно генератор на случајни броеви. Овој автоматизиран систем се користи од страна на слотовите за да се гарантираат случајни исходи на секое вртење. Тоа го потврдува фер пристапот на овие игри. -
Симболи:
Во секоја слот игра ќе најдете барем неколку симболи. Целта е да направите комбинација од симболи за да остварите добивка. На пример, во многу слотови комбинацијата од 3 до 5 идентични симболи на една исплатна линија носи добивка. -
Исплатни линии:
Како што кажавме комбинациите од симболи треба да се наоѓаат на исплатна линија за да остварите профит. Тоа се замислени, предодредени линии кои минуваат низ сите колони. Слотовите имаат различен број исплатни линии од една до неколку десетини. -
Колони и редови:
Секоја слот игра има одреден број на колони и редови. Тие ги овозможуваат позициите на кои се прикажуваат симболите. Најголем број од насловите имаат 3 или 5 колони. Во поглед на редовите, бројот најчесто се движи околу 3 или 4. -
Бонуси:
Специјалните симболи можат да активираат различни бонуси во речиси сите слот игри. На пример, три или повеќе Scatter симболи можат да стартуваат рунда со бесплатни вртења. Овие наслови често носат и мултипликатори, повторни вртења, мини-игри, џекпоти итн. Повеќе информации за достапните бонуси во конкретна игра може да најдете на нејзината исплатна табла.
Исплати во Слотовите
Луѓето кои се заинтересирани за играње казино игри најчесто бараат информации за тоа какви исплати може да очекуваат доколку им се посреќи. Тоа има логика особено ако играте за вистински пари наспроти играњето бесплатни казино игри.
За да дознаете повеќе за исплатите во слот игрите, потребно е да се запознаете со нивното RTP и волатилноста. Дополнително, треба да ги погледнете и исплатната табела и максималното ограничување на добивката во конкретниот слот.

Најпрво, RTP е кратенка од англискиот израз Return to Player кој најдобро би се превел како Поврат кон Играч на македонски. Тоа е теоретска вредност која го означува претпоставениот поврат кон играчот по долги играчки сесии изразена во проценти. Просечната вредност во повеќето slot kazino igri е 95% - 96%. Се разбира, постојат и некои кои имаат повисоки проценти, но и пониски. Запомнете дека прогресивните слотови често имаат RTP под 95%.
Понатака, волатилноста може да биде ниска, средна или висока. Ова е уште една теоретска вредност која покажува колку често и какви добивки (во поглед на висината) може да очекувате. Па така, ниско волатилниот слот теоретски носи почести добитни комбинации кои имаат мала вредност. Очекувано, високо волатилните игри би требало да нудат повисоки поединечни добики иако тие се појавуваат само од време на време.
За да ги разберете исплатите во слотовите, погледнете го и максималното ограничување на добивката кое во стандардните слот игри е околу 5,000x од вашиот облог. За крај, одвојте време за да се запознаете со исплатната табела на играта која ви покажува каква добивка може да очекувате за секоја специфична комбинација.
Врз основа на овие информации може да се одлучите за слотот кој одговара на вашиот играчки стил.
Видови на Популарни Слот Игри во Македонските Казина
Со оглед на тоа што постојат илјадници слот казино игри, очекувано е да постојат најразлични поделби на овие наслови. Дополнително, некои од нив уживаат поголема популарност меѓу македонските играчи од останатите. Подолу ќе најдете информации за најиграните видови слот игри во МК.
-
Слот игри со три колони
Слотовите со три колони ја следат традицијата на класичните слот машини. Овие слот апарати во физичка или дигитална форма имаат три наместо денешните стандардни пет колони. Вообичаено за нив е да имаат поеднаставни правила, помал број симболи како и ограничен број бонуси. Сепак, нивниот потенцијал за добивка не е помал од останатите.
-
Бонус слот игри
Едноставно кажано во оваа категорија спаѓаат сите игри кои имаат барем еден бонус. За среќа, поголемиот број на слотови имаат бонуси. Во голем број случаи тоа е рунда со бесплатни вртења. Во некои ќе најдете и интерактивни бонус игри, но и повторни вртења, каскадни добивки и мултипликатори. Добро е тоа што многу игри имаат комбинации од неколку бонуси.
-
Слотови со прогресивни џекпоти
Уште еден вид популарни слот игри се оние кои вклучуваат прогресивни џекпоти. Понекогаш тоа е еден масивен џекпот, а во други случаи може да има две или повеќе вакви награди. Во секој случај, прогресивните слотови имаат награда од огромна вредност која постојано расте. Истата се зголемува благодарение на облозите бидејќи процент од секој облог автоматски се додава во наградниот фонд.
Онлајн или Офлајн Слот Машини?
Без разлика дали играте во физички казина или преку онлајн платформи, слотовите ветуваат огромна забава. Сепак, играчите во Македонија може да очекуваат различно искуство во зависност од опцијата која ја избрале.
Секоја опција има свои предности и слабости, па затоа се решивме да ги собереме сите овие работи на едно место. Врз основа на овие информации ќе ви биде полесно да ја изберете верзијата од овие казино игри кои одговара најмногу на вашиот стил на играње.
Онлајн слот игри
- Лесно достапни во било кое време и било каде
- Огромен избор на игри на едно место
- Разновидни бонуси и промоции во онлајн казината
- Можност за играње бесплатни слот игри
- Недостиг на интересната атмосфера од физичките казина/апарат клубови
Физички слот машини
- Целосно искуство во специфична атмосфера
- Физичко притискање на копчиња за поголема возбуда
- Инстантна исплата
- Играње во регулирани места
- Пониски исплати
- Потешка достапност
Онлајн слот машините како и нивните офлајн верзии имаат свои уникатни предности, а изборот зависи од тоа што преферирате кога користите kazino igre. Офлајн слот машините нудат возбудлива, пријателска атмосфера и непосредна исплата.
Од друга страна, онлајн слот машините имаат јасна предност поради нивните повисоки исплати (повисок RTP), можноста за добивање прогресивни џекпоти со огромна вредност, одличната разновидност на игри и дополнителните бонуси кои ги доделуваат онлајн казината. Сето ова го зголемува потенцијалнот за добивка и забава.
Други Казино Игри Покрај Слотовите
Онлајн казината речиси секогаш ги ставаат онлајн слотовите на прво место но тоа не значи дека корисниците не можат да најдат други казино игри. Напротив, постојат неколку други популарни видови игри на казино сајтовите кои ги играат македонските играчи. Подолу на табелата ќе најдете информации за најистакнатите меѓу нив.
Име на играта | Вид на играта | Детали |
---|---|---|
Рулет | Игра на маса | Казинo игра каде играчите се обложуваат на тоа каде ќе заврши топчето на тркалото кое се врти. |
Блекџек | Игра на маса | Игра со карти каде играчите се обидуваат да добијат вредност на раката поблиску до 21 во споредба со дилерот без да одат преку таа вредност. |
Покер | Игра на маса | Популарна игра со карти која има повеќе варијанти како Тексас Холдем и Омаха. |
Бакара | Игра на маса | Едноставна игра со карти каде учесниците се обложуваат на тоа дали раката на играчот или банкарот ќе има вредност поблиску до 9 или нерешено. |
Игри во живо | Разни игри | Казино игри како рулет, блекџек или покер кои се пренесуваат во живо и вклучуваат вистински дилери. |
Бесплатни Казино Игри Наспроти Коцкање за Вистински Пари
Една од најдобрите работи во врска со онлајн казината е тоа што ви даваат можност играте бесплатни казино игри покрај опцијата да играте за вистински пари.
Двете опции нудат уникатни искуства и ветуваат добра забава, секоја на свој начин. Подолу ќе се осврнеме на секоја опција посебно и ќе ги истакнеме предностите и мааните.
Бесплатни казино игри
Онлајн платформите за коцкање нудат besplatni kazino igri на своите регистрирани играчи. Некои од нив ова им го овозможуваат дури и на посетителите. Со помош на оваа варијанта може да искусите казино игри без да обложувате пари. Демо верзиите користата виртуелни пари без вредност. Тие ги покриваат слотовите, рулетот, блекџекот, покерот и други казино игри.
Одлични се за почетници кои сакаат да ги научат правилата, искусните играчи кои сакаат да испробаат стратегии или оние кои сакаат да се забавуваат без финансиски последици. Речиси сите лиценцирани онлајн казина во Македонија нудат ваква можност.
Коцкање за вистински пари
Од друга страна, коцкањето за вистински пари вклучува облози со вистински средства на казино игри со можност за освојување парични награди. Оваа активност е достапна во онлајн казината но и физичките казина и слот клубови. Во поглед на игрите, вклучени се слотовите, игрите на маса, игрите со инстант добивки, лотариските игри како и игри со дилери во живо.
Коцкањето за вистински пари во Македонија е регулирано со законот за игрите на среќа и забавните игри. Оваа опција е атрактивна за играчите кои се заинтересирани за добра забава, потенцијален профит и целосно казино искуство. Сепак, оваа активност доаѓа со финансиски ризик.
Бесплатни казино игри
Предности
- Нема никаков ризик од губење пари
- Одлични за вежбање на игри
- Добри за тестирање стратегии
- Достапни на речиси сите онлајн платформи за коцкање
Маани
- Нема можност за вистински добивки
- Некои бесплатни игри имаат ограничени функционалности
Коцкање за вистински пари
Предности
- Дава шанса за добивки во вистински пари
- Целосно коцкарско искуство
- Можност за искористување на разновидни бонуси
- Пристап до сите функционалности и опции
Маани
- Финансиски ризик
- Потенцијал за развивање зависност
Мобилни Казино Игри
Развојот на технологијата имаше огромно влијание врз онлајн коцкањето. Па така, денес многу играчи од Македонија и светот играат казино игри во движење со помош на нивните мобилни уреди.
Кога зборуваме за овие наслови, важно е да се напомене дека не се работи за независни игри туку само за верзии од посточеки игри кои се оптимизирани за паметни телефони и таблети.
Денешните игри користат HTML5 технологија која ги прави коматибилни со мобилните уреди. Софтвер провајдерите често прават модерни верзии од нивните стари хитови кои се засноваат на оваа технологија за да им излезат пресрет на мобилните играчи.
Дополнително, онлајн казината вложуваат во оптимизација на нивните сајтови и развивање засебни мобилни апликации кои им овозможуваат на мобилните корисници да играат казино игри без оглед на нивната локација.

Топ 3 Казино Софтвер Провајдери
Со оглед на тоа што бројот на активни игри казино опции надминува дваесетина илјади, нема да ве зачуди тоа што постојат десетици софтвер провајдери кои работат на нивно развивање.
Игрите кои може да ги играте во македонските казина се направени од многу познати брендови, но има и такви кои се производ на работењето на некои помалку познати студија кои допрва се пробиваат на пазарот.
За да ви помогнеме да направите вистински избор, ќе ви откриеме информации за трите водечки софтвер провајдери.
-
EGT (Amusnet)
На прво место го имаме EGT односно Amusnet. EGT е добро познат бренд за македонските играчи бидејќи голем број од игрите во физичките казина доаѓаат токму од него. Се работи за бугарска фирма основана во 2002 година кој се ребрендираше во Amusnet пред неколку години.
Денес тие имаат посебен оддел кој работи на онлајн казино игри. Компанијата брои повеќе од 800 вработени и има издадено преку 300 игри вклучувајќи слотови, игри со прогресивен џекпот, игри на маса и лотариски игри. Некои познати наслови од EGT (Amusnet) се Super Hot, Shining Crown и Burning Hot 6 Reels.
-
Pragmatic Play
Доколку пребарувате igri kazino или сличен поим на Гугл или друг пребарувач, постои голема веројатност еден од резултатите да ве одведе до Pragmatic Play. Овој гигант во светот на онлајн коцкањето има освоено преку десет награди од своето основање во 2015-та година до денес.
Pragmatic Play е познато како еден од најактивните брендови кој објавува по неколку нови наслови секој месец. Овој провајдер има серитфикати и лиценци во преку 40 земји и нуди слотови, казино игри во живо, игри со инстантни добивки и многу други опции. Доколку барате конкретнуи наслови, ви препорачуваме да ги пробате Sweet Bonanza, Gates of Olympus и Big Bass Splash.
-
NetEnt
NetEnt е уште еден врвен софтвер провајдер кој доаѓа од Шведска. Постои повеќе од 20 години, а во својата колекција има преку 200 наслови. Најмногу од овие наслови се слотови, но ќе најдете и интересни игри на маса.
Уште еден интересен факт е тоа што некои од најиграните казино игри во светот ни доаѓаат токму од овој софтвер провајдер. Тука ќе ги спомнеме легендарните Gonzo’s Quest и Starburst како и слот играта со прогресивен џекпот – Divine Fortune. NetEnt има и многу брендирани игри инспирирани од видео игри, филмови, музички бендови и ТВ серии како Knight Rider, Gordon Ramsey Hell’s Kitchen, Twister, Conan и Street Fighter II.
Одговорно Коцкање
Несомнено, коцкањето е вид на забава кој има голем број приврзаници. Оваа активност нуди многу возбудливи моменти, ги забавува корисниците и им го пополнува слободното време на интересен начин. Дополнително, на некои од нив, оние најсреќните, им носи и добивки.
Сепак, коцкањето, без разлика дали е во физички казина или онлајн, носи и финансиски ризици. За да играте потребно е да направите уплата а потоа и да се обложите со вистински пари. Со оглед на тоа колку брзо се одвиваат работите во игрите, особено во слототиве, неретко може да се претрпат големи загуби доколку не внимавате.
Одговорното коцкање треба да биде врвен приоритет за секој играч. Тоа започнува со одредување буџет кој ќе го употребите на играње. Најдобро е да имате месечен буџет кој се заснова на вашите месечни приходи. Задолжување само за да играте казино игри не треба да претставува опција за било кој играч.
Дополнително, казино сајтовите им помагаат на играчите преку разновидни алатки и опции за одговорно коцкање. Тие доаѓаат во вид на ограничување на уплатите, ограничување на облозите или времето поминато на платформата. Постои можност и за краткотрајни паузи, но и долгорочно самоисклучување.
ЧПП
Не. Онлајн казината не ви даваат можност да освоите вистински пари доколку играте демо верзија од нивните игри. Во овие наслови користите виртуелни кредити кои немаат никаква вредност во вистинскиот свет па затоа не треба да очекувате ниту вистински добивки.
Едноставниот одговор на ова прашање е потврден. Сепак, не постои универзално правило. Голем број онлајн казина ви овозможуваат да играте казино игри без да се регистрирате. Сепак, постои и значителен број на сајтови каде мора да се регистрирате и најавите доколку сакате да играте. Се разбира, доколку можете да играте без регистрација, имате шанса да пробате само бесплатни игри.
Да. Кога играте демо верзии од казино игрите може да активирате бесплатни спинови. Се разбира, тоа е возможно доколку самиот наслов вклучува таков бонус. Дополнително, вреди да се спомене дека демо верзиите ги вклучуваат сите функции на казино игрите освен можноста да се игра бонус игра за прогресивен џекпот.
Слот машините кои доаѓаат од сертифицирани и лиценцирани софтвер провајдери и се достапни во легални онлајн казина е невозможно да се наместат. Тие вклучуваат генератор на случајни броеви кој ветува случајни и ненаместени исходи во секоја рунда. Во овие игри среќата е единствен фактор кој влијае на резултатот.